Учете од најдобрите британски стилисти: 8 трикови за совршеност

0

Речиси сите познати личности имаат модни стилисти, кои им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја пригода. Познатите британски стилисти, како Наталија Кир, ги откриваат модните тајни на феноменалниот изглед. Прочитајте ги советите на мајсторите на модните трансформации и надоградете го својот стил со следените трикови.

Носете шпенагли со себе

Стилистката од Лондон, Дејзи Дин смета дека златното правило на модата гласи: носете со себе секогаш шпенагли. Тие ќе ви бидат прв сојузник во случај да ги скинете фармерките или некое друго парче облека. Доволно е само да ги закачите на искинатото место и привремено ќе го решите проблемот. Ќе ви помогнат и во случај на преголема облека така што ќе ги стесните деловите кои ви се вишок при собирањето на облеката. Тоа ќе ви помогне додека не отидете кај кројач.

Облеката може да се развлече

За разика од обувките, помалата облека всушност може да се развлече. Дуксерите, маиците и кошулите поради природата на материјалите можат да изгледаат еден број поголеми. Потребен ви е некој кој ќе ви помогне облеката да ја развлечете од двете страни, но, не бидете прегруби за да не ја скинете гардеробата. Памучните парчиња можете со помош на пареа од пеглата да ги опуштите и развлечете.

Најефикасен начин да ги извадите дамките од вино и кафе

Се чини дека е невозможно да се исчистат дамките од вино и од кафе на бела маица, но, верувале или не, и за тоа постои едноставно решение.

Кога ќе забележите дамка, веднаш реагирајте, истријте го местото со влажни шамивчиња и почекајте тие да си ја завршат работата.

Друго решение е да ги истриете дамките со сапун, па со хартиен бришач и потоа местото исушите го со фен.

За дамките од црно вино како ефикасно решение се покажа белото вино или винскиот оцет кој веднаш ќе го нанесете директно врз дамката. Што се однесува до кафето, тука морате многу брзо да реагирате, така што облеката веднаш ќе ја ставите во детергент.

Од старо парче облека направете ново

Освежете некое одамна заборавено парче облека така што ќе му дадете нова намена. Старите фармерки исечете ги за да добиете лежерен шорц. Истото важи за јаките на кошулите и на јакните кои можете да ги замените и така да го освежите вашиот изглед. Тука се и различните дизајнерски лепенки и беџеви кои можат да и пружат нова младост на вашата веќе подзаборавена гардероба.

Комбинирајте спортски и формален стил

Не сте задоволни со својот моментален моден стил? Со комбинација на спортска облека и класични парчиња ќе внесете нов дух во вашето облекување. Памучните тренерки со канаѓанки или широките панталони со гломазни чевли и кожна бомбер јакна, ќе бидат нешто што ќе ве разликуваат од другите и ќе ве извлечат од модното секојдневие.

За совршена фотка на Инстаграм

Во време на силно влијание на социјалните мрежи, модерниот маж мора во секое време да биде подготвен за фотографирање. Стилистите во тие пригоди советуваат да изгледате колку што може поприродно. Однесувајте се како да не сте свесни за присуството на камерата/апратот, рацете ставете ги во џебови со доза на самодоверба. За да ја нагласите силуетата на вашето тело и да го прикриете стомакот, за веме на сликањето рацете ставете ги на колковите, бидејќи тоа ќе помогне да ја нагласите линијата на телото.

За привлечна фигура

Доколку не сте во најсјајна физичка форма, својата вообичаена појава освежете ја носејќи повеќеслојна облека, како на пример јакна и елече во постудениот период. Водете сметка облеката да биде во вашиот конфекциски број. Шаловите и тесните кравати исто така се одличен трик да се издолжи вашата силуета. Кога се фотографирате, поставете се во аголот на камерата, така да ширината на вашето тело не дојде до израз. Доколку сакате да изгледате повисоко на фотографиите, послужете се со стариот трик и ставете ја едната нога пред другата.

Боја на кожа

Носете облека во бои кои совршено ќе се согласуваат со бојата на вашиот тен. Стилистите ја одредуваат компатибилноста на бојата на облеката и кожата така што ткаенината ја принесуваат до брадата на клиентот и визуелно проверуваат дали одредени парчиња ви стојат убаво и дали ќе влијаат на изгледот на линијата на вашето тело.

Извор: www.menshealth.rs

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот