Ученици од седум годишна возраст праќаат недолични пораки

0

Професорите во Велика Британија изјавиле дека некои од нивните ученици, меѓу кои има и седумгодишни деца, на социјалните мрежи испраќаат пораки со сексуална содржина, покажале резултатите од ново истражување кое било објавено вчера.

Во анкетата која ја спровел синдикатот на просветни работници составен од 1300 професори, дури 63% од нив изјавиле дека во своето одделение имаат ученици од 14 години кои друштвените мрежи ги користат за праќање пораки и фотографии со несоодветна сексуална содржина.

Помал број од анкетираните професори изјавил дека некои од учениците се стари седум, осум или девет години, а четвртина од испитаниците рекле дека најбројни се 11-годишниците.

Истражувањето траело три години, а Министерството за образование изјавило дека младите треба да бидат свесни за опасноста која ги демне на интернет и социјалните мрежи.Факт за кој треба да бидат свесни и саите родители.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот