Убаво е да живеете сами

0

Во одреден период од животот сите сме посакале да живееме сами, без родители, партнер или цимери. Живеењето сами има свои недостатоци, но и свои предности. Всушност, да се живее сам не е исто што и осамен и тука да се прави разликата. Живеењето сами ќе ви помогне да пораснете, да се соочите со различни ситуации, од плаќање на сметки и планирање на парите па до поправање на чешмата. Таквиот начин на живот ќе ве направи самостојни, подготвени да бидите храбри во сите идни непријатни ситуации и се разбира ќе успеете да надминете неколку страовови, како оној од самотија, оној од темнина… Живеењето сами е можност да се истражувате себеси, да размислувате и опуштено да ги правите оние работи кои вам ви се омилени, но вашата мајка не ги пооднесува воопшто.

Мексиканската илустраторка Идалија Канделас со неколку нејзини илустрации ја доловува убавината на живеењето сами…

Имате опција да читате колку сакате и како сакате без никој да ве прашува дали книгата е интересна…47 (1)Никој нема да ви замери ако после напорниот работен ден, малку ги оптегнете нозете…

47 (4)Огромниот кревет е само ваш!

47 (8)Доколку ви е премногу топло, слободно може да здивнете…

47Дозволено ви е со часови да ручате, да размислувате, да сонувате или да спиете…

47 (3)

Како изгледа вашата спална соба е само ваша работа. Истото важи и за она што правите таму…

47 (5)

Го пиете утринското кафе како што ќе посакате…

47 (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот