Убаво е да си татина принцеза

0

Што е она што го прави односот татко – ќерка толку посебен и моќен?

Веројатно затоа што нема поубав момент од оној кога татко во одело, штотуку излезен од канцеларија ја зема малата принцеза од градинка и шетаат во потрага по најубавата кукла.

Затоа што прекрасен е оној татко кој ќе пробдее цела ноќ над својата ќерка која е настината и има висока температура.

Совршен е оној татко кој седнува да разговара со својата ќерка и ја советува за изборот на нејзиното момче.

И оној кој ќе пушти солза – две на денот на нејзината венчавка.

tatina princeza 2 (1)

За да ја покажеме моќта на тој однос, запрашавме неколку девојки за односот со нивните татковци, интересни моменти од детството и оние нешта кои ги прават татини принцези.

„Јас и тато сме супер пар за тенис, шах и скијање. Од малечка, како ќерка единица бев татина принцеза. И знам дека татко ми секогаш ќе биде покрај мене, мотивирајќи ме да странам подобра од вчера.“ – Александра

„Во последно, со татко ми често знаеме да се скараме околу мојот сингл статус на 31 година. Но, знам дека ме сака и ми го посакува најдоброто. Најубавиот момент на кој се сеќавам бил оној кога за мојот десетти роденден ми купи куче.“ – Христина

tatina princeza 3 (1)

„Јас и татко ми сме имале прекрасен однос додека бев дете. Тој беше мојот најголем другар и херој. Но, тоа некако се промени откако се преселив во друг град. Сега имаме различни ставови, често дебатираме, но тоа ни малку не ја намали љубовта која ја имаме еден кон друг.“ – Марија

„Како колеги речиси секој ден го минуваме заедно. На моменти, тоа е многу стресно, бидејќи не секогаш се почитуваат моите одлуки во врска со работата. Како татко и ќерка функционираме супер, надвор од канцеларијата. Најсмешниот момент од детството со мојот тато ми бил кога се сокрив во автомобилот на соседите, а тој испаничено ме бараше.“ – Јана

tatina princeza 5 (1)

„Верувам дека татковската љубов, колку и да моменти да не е покажана е еднаква како на мајчинската. Зборуваме за човекот кој ме создал и се грижел за мене. Зборуваме за човекот кој би го направил и невозможното за мојата среќа. И за оној човек кој долги години ми купуваше шеќерна волна и балони, време кога мислев дека целиот свет е мој…“ – Елена