Убавите манири пред се

0

Да се биде убаво воспитан е од големо значење за друштвениот живот пред сè, но и за сите останати животни области. Има начин како треба еден човек да се однесува во ресторан, кога разговара со поголема или помала група на луѓе, кога оди на гости и слично. Ние решивме во неколку наврати заедно да се потсетиме на убавите манири и однесување.

(Дел 2)

Разговор

Убаво воспитаните луѓе ретко зборуваат за личниот живот и врски, за односот со колегите на работа, децата, обврските, грижите, навиките и вкусовите. Ако нема некоја посебна потреба, тие нема да зборуваат за утрото кое поминало само за да го исполнат времето.

Културните и љубезни луѓе многу малу зборуваат за блиските пријатели, а уште помалку за фамилијата, односно тие не озборуваат.

12885857_10209542792234516_4726771834272362417_o

Особината слушање е еднакво важна како и зборувањето,Тоа не значи дека треба да молчите, туку значи дека треба да покажете почитување кон тој што зборува и да го слушате, а поставувате прашања и да го истакнете интересот за разговорот. Тоа ќе му покаже на соговорникот дека го следите текот на разговорот.
Луѓето со убави манири не прекинуваат кога некој зборува, дури ако веќе ја слушнале анегдотата стотина пати.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот