Убавините на Македонија

0

Македонија е земја која има убава и живописна природа, можеби една од најубавите  на Балканот. Прошетајте ја Македонија, а потоа светот. Воодушевувањето почнете го од  дома.

(ПРВ ДЕЛ)

Крушево

      1024px-Krusevocentre

Најпријателскиот град во Македонија. Овде сите ве пречекуваат со насмевка. Се наоѓа во пазувите на Бушева планина, околу со густа шума, на надморска височина од 1250 метри. Ова е еден од најстарите и најубавите градови во Македонија. Според последниот попис во градот живеат околу 5.300 жители.Се верува дека градот датира од XV век, со првите влашки доселеници од Москополе. Во градот Крушево денес постојат 12 маала: Влашко, Таше, Струнга, Буша, Арбинеш, Коку, Мијачко Маало, Горно Маало, Крстот, Матак, Череш и Ѓупско Маало.

Вевчани

      vevcani 1

Местото кое никако не може да го наречеш село. Тоа е држава Вевчани со свој пасош и пари(личници). Се наоѓа на 14 км од Охридското Езеро и Струга, во подножјето на планината Јабланица. Водата е сеприсутна, ја има во малите сокачиња и тесни улички, ве води низ целото место, ве прочистува душевно заедно со природата која ве обзема, посебно ако сте пред Вевчанските извори.Тие се наоѓаат на надморска височина од околу 960 метри, додека населбата Вевчани се протега на надморска височина од 840 метри (Дoлна мала) и до 980 метри надморска височина (Горна мала).

Слепче

Sv._Jovan_Preteca_s._Slepce

Слепче се наоѓа на 2 км северно од општинскиот центар Демир Хисар. Над селото е изграден еден од најголемите средновековни книжевно – уметнички центри – Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.Во туристичката понуда на Слепче има и гостилница која е во прекрасен амбиент со поглед кон манастирот. Тука ќе може да ги вкусите традиционалните јадења кои се типични за Слепче.

Смоларски водопади

Во подножјето на планината Беласица, скриено соврмениот свет, на 650 метри надморска височина,  се наоѓаат преубавите Смоларски водопади. Некогаш населеното село Смоларе сега е само споменик кој ја дополнува природната убавина. Студените Смоларските водопади, се вистинска скапоценост на Струмица.

b.pejcinkov-panoramio

Јанче

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од 5 века во Долнореканскиот крај.Легендата вели дека  првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името. За селото Јанче е врзана и една приказна, која ја отсликува климата во овој дел. Според кажувањата ако во Јанче паѓа снег, паѓа и во Солун. Природата ви го одзема здивот, а ја смирува душата.

jance_francois_zvardon1

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот