Убавината има нова димензија – Ева Мендез и Estée Lauder

0

Estée Lauder уште еднаш ја дефинира убавината на жената, овојпат гледајќи во иднината. Станува збор со новиот Estée Lauder New Dimension Shape+Fill Expert серум наменет за дамите кои знаат да се грижат за себе. Убавината кај жената не во нејзината облека или чевли , убавината е во нејзината свежина која ви останува на ум после средбата со неа.

Новиот серум го разгалува лицето, го истакнува неговиот природен облик, убавата контура, а придонесува и за сјајаност на кожата на лицето. Сето ова е возможно заради можната концентрација на про-колаген технологијата.

o-EVA-MENDES-facebook

Лицето кое оваа компанија го избра да биде заштитно е на Ева Мендез од причина што оваа 41-годишна актерка знае да ја износи природната убавина која ја поседува.

Дневниот ритуал на Мендез почнува со New Dimension Shape + Fill Expert серумот. Таа ќе каже вака: “Мојот лик се смени со употребата на производот и со сета моја енергија сакам да изразам поддршка за овие производи во кои силно верувам”.

Новата колекција вклучува и New Dimension Expert Liquid Tape за пределот околу очите.

Др. Надин Пернодет, потпретседател на оддлот за истражување и развој во во Estee Lauder изјави:

„Знаевме дека структурата на кожата е важна за густината и дефиниција на кожата нешто што е карактеристика на младешката кожа. Но, благодарение на нашите најнови истражувања, сега знаеме дека тоа е од клучно значење за да се создаде вистинска трансформација. Обемот и дава нова димензија на кожата. Затоа, за да се подобри изгледот на контурите на лицето, од клучно значење е да се подобри структурата и обемот.“