„Убавина и здравје“ прослави 10 години постоење

0

Женскиот магазин во Македонија, „Убавина и здравје“ на 16 мај го прослави своето 10-годишно постоење. Успехот го прославија со присуство повеќе од 300 гости соработници, клиенти, новинари и фоторепортери, познати личности, блиски пријатели и верни читателки кои се фотографираа на самиот влез.

Фото: Убавина и здравје

Елена С. Јанковска, една од дамите што се 10 насловни страници на новиот број, го започна официјалниот дел и ја најави главната и одговорна уредничка на магазинот, Јована Стојменовиќ, која продолжи да ги води гостите низ настанот.

Фото: Убавина и здравје
Фото: Убавина и здравје
Фото: Убавина и здравје

Беа доделени награди и признанија за соработниците на „Убавина и здравје“. Познатите брендови Bobbi Brown и ITI Cometics беа меѓу наградените на кои им беше доделена статуетка.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар