Македонија изобилува со природни убавини, места кои го одземаат здивот и не можат да ве остават рамнодушни. Онаа која се смета за убавица на балканските простори е планината Кожуф.
Тоа е едно од местата кои морате некогаш да ги посетите ако не сте го сториле тоа досега, е планината Кожуф која што се протега површина од 893 километри, а се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција, поточно 80% се во нашата земја, а останатите 20 % во соседна Грција.
Кожуф изобилува со голем воден потенцијал, од неа извираат многу реки кои течат низ земјата. Според планинарите и сите останати љубители на планината, таму се наоѓа реката која е најчиста и најубава во Македонија – Дошница. Тука можат да се најде и жив свет како пастрмката, кленот, ракот и многу други.

Од животинскиот свет на суво, на Кожуф живее рисот кој е редок и заштитен вид. Повремено може да се појави мечката која, заради потргата по помирни места, се движи од територијата на Македонија и територијата на Грција.
На падините на планината Кожуф се наоѓа еден од најпознатите природни резерви на дивеч во Република Македонија – Милисин, се простира на 300 хектари букова и дабова шума.

Растителниот свет е богат со најразновидни видови, но најатрактивни се лековитите билки и дрвото (Arbutus andrachne) или во народот познат како „гол човек“, кој е заштитен со закон. „Гол човек“ е ендемичен вид зимзелено дрво чија кора е со црвена боја и лушпеста, а која се менува двапати годишно. Таа е нежна како човечката кожа и оттаму потекнува народното име на дрвото.

Направена е реконструкција на селата Коњско и Хума, што отвора можност за понатамошен развој на руралниот туризам.
Уште една позната локација на Кожуф е локалитетот Смрдлива Вода, познат по изворот на минерална вода со специфичен мирис и со лековити својства.

Кожуф е исклучително специфична планина која се издвојува од другите планини во Македонија, бидејќи претставува прва природна бариера во Македонија, директно изложена на влијанија на медитеранската и континенталната клима од Егејското Море.
Следната дестинација нека биде Кожуф планина, без разлика дали саката зима или пролет, ова место ќе ве плени со сета своја убавина во секое годишно време.
Наш предлог е комплексот Михајлово, сместено во пазувите Кожуф, идеално за вашиот зимски, но и летен одмор. Детско одмаралиште, но и хотелски капацитет отворен за сите патници, намерници и вљубеници во планинскиот туризам.
Извор: Wikipedia / Exploringmacedonia.com
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот