Убавата страна на Скопје, Матка

0

Преубавата Матка, онаа нашата каде сите празнични излети ги поминуваме во минатото, ова место се наоѓа на само 15 километри од Скопје. Идеално место за бегство од урбаната џунгла на градот, за мирот кој е потребен за комплетна релаксација.

До Матка можете да се возите со автомобил, со автобус кој ве носи до таму, а можете и со велосипед, комплетно авантуристички.

Инаку, местото кое стана светска атракција со пештерата Врело.

Пештерата е систем од две пештери една над (наречена Врело) и една под водата (наречена Подврело) и езеро. На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебна убавина имаат „столбовите близнаци“, кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја.

Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името така што меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. Малото езеро има форма на осумка.

43332003

До пештерата Врело се стигнува со организиран превоз со чамец кој трае околу 20 минути. Чамецот застанува на специјално направена платформа, а потоа се пешачи до влезот на пештерата.

43339316

Пештерите Врело, заедно со Охридското Езеро беа кандидати за избор за нови 7 светски чуда на природата.

Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири: Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, Манастир „Свети Никола“ Шишевски, црква „Свети Андреја“, црква „Свети Спас“ со остатоци од ранохристијанските цркви „Света Троица“ и „Свети Ѓорѓија“, црква „Света Недела“.

crkva

Скопска Матка е препорака за сите љубители на природната убавина на Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот