Убавата легенда за Преспанското Езеро

0

Преспанско Езеро е природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Како и за Охридското, така и за ова езеро постои легенда која раскажува како настанало Преспанското езеро која сигурно нема да ве остави рамнодушни.
prespa (2) (1)

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина.
Навечер кладенчињата со чепови се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на водичот од едното племе се викала Преспа и била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода.
prespa (6) (1)
Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на водичот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината. Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице. Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра.
prespa (1) (1)
Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро. Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите водичи за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат , едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица.
Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, и рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро, додека пак населбата околу него го добила името Преспа.
prespa (7) (1)

Следниот пат, кога ќе ја посетите Преспа, сетете се на оваа прекрасна љубовна приказна на Преспа и Лабид кои според легендата, ако не беше нивната љубов, ќе го немавме ни езерото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.