Трпејца – Една од најубавите охридски плажи низ инстаграм фотки

0

Охридското езеро за многумина е избор за летен одмор и замена за море. Иако не изобилува со долги, песочни плажи, Охрид нуди природни убавини што го одземаат здивот.

Едно од тие места е плажата Трпејца, од каде најдобро можете да го видите прекрасното зајдисонце. Покрај кајчињата поставени на брегот, кои имено се заштитен знак на Охрид и му даваат дополнителен шмек на градот, на Трпејца можете да најдете и мали интимни плажи помеѓу карпите на брегот и да ја видите големата карпа која се наоѓа внатре во езерото. Одлична за љубителите на адреналин, како и за оние што сакаат добра инстаграм фотка.

Во прилог погледнете ја убавината на плажата Трпејца и охридското езеро преку неколку фотографии објавени на инстаграм од посетителите: