Тркало на среќата

0

На картата се забележуваат две животни со чуден изглед кои беспомошно се вртат на тркалото на среќата, што вечно ротира. Златното суштество кое што се појавува на десната страна обично се поврзува со Анубис, египетскиот пес со лице на бог кој ги проценувал душите на покојниците. На него се гледа како на позитивен фактор. Суштеството што наликува на мајмун, од левата страна на тркалото, се поврзува со Тифон, богот на деструкцијата и дезинтеграцијата. Тука повторно се појавуваат двете спротивности кои што претходно беа претставени со двата коња на Кочијата и  двата таса на вагата на Правдата. Тука се гледаат како живи животни фатени во систем со кој владее чудовиште со златна круна. Јунакот мора да се ослободи од него, но да не повреди ниту еден од ликовите на картата, бидејќи тие се неопходни за да се врти тркалото. Ако подетално се замислиме може да се забележи дека пред нас е енергетски систем чија што суштина е движењето. Тука животот е претставен како процес, односно како систем на постојана преобразба вклучувајќи ја подеднакво генерацијата и дегенерацијата. Систем што трае вечно. Непроменлива целина е центарот чија суштина е непроменлива. Неговиот центар подеднакво е одалечен од секоја точка на периферијата. Тоа ја поддржува идејата дека централната цел останува иста, без разлика колку различни гледишта има околината. Откако тркалото ќе се сврти, следните карти ќе ги претстават стадиумите на еволуцијата и повторното раѓање.

Порака: Оваа група нѐ потсеќа на промените: постојана промена на среќата и рамнотежа меѓу успехот и неуспехот. Можеби влегувате во нов период или стигнувате до крајот на еден проблематичен период. Во двата случаја околностите ќе се сменат.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.