Трикови за парфемот да ви трае подолго

0

Конечно доаѓа ред да си го купите вашиот омилен парфем, кој не е воопшто евтин, со љубов и внимание го чувате што подолго да ви трае, го штедите и одеднаш по извесно време забележувате дека всушност и не го чувствувате на себе и никој не ви коментира дека убаво мирисате…

Тоа не значи дека вашиот парфем веќе не мириса, напротив, најчесто се навикнуваме на своите мириси и потоа речиси и не ги забележуваме. Сепак постојат седум правила до кои би требало да се придржувате доколку сакате парфемот да ви потрае подолго.

1112Правило 1: нанесете го оној парфем кој по неколку минути веќе не го чувствувате на себе. Тогаш мирисот е идеален за вас, а ненаметлив за околината, но верувајте сепак се чувствува.

Правило 2: нанесете онолку парфем колку да го почувствува личноста до вас, но не и целата околина. Ако оној кој стои оддалечен од вас неколку чекори ви каже дека ви го чувствува парфемот, тогаш веројатно сте претерале.

Правило 3: парфемот секогаш нанесувајте го на деловите каде што се чувствува отчукувањето на срцето – на почетокот на вратот, на внатрешниот дел од зглобот, коленото, лактот и зад ушите.

Правило 4: во текот на денот користете исклучително свеж парфем, особено ако работите со луѓе во доста тесен простор. Јакиот парфем оставете го за вечерни прилики.

EDP 50 ml+Pack2

Правило 5: ако сакате парфемот да ви трае, тогаш користете лосион за тело со истиот мирис како и парфемот. Парфемските мириси најдобро се задржуваат на влажна кожа.

Правило 6: немојте да правите облак од парфемот, а потоа да прошетате низ него, бидејќи тоа ќе биде како да сте оделе низ воздух – мирисот ќе биде изгубен.

Правило 7: никогаш не користете само еден парфем. Секогаш во тоалетното плакарче чувајте си барем 2-3 различни парфеми и користете ги според сезоната, расположението или приликата. Чувајте ги на темно (заштитени од сонце) и студено место, така парфемот ќе трае подолго.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар