Tрикови за убавина и нега

0

Кога е во прашање негата на лицето и телото и шминкањето, секоја жена има по некоја тајна која ја научила од својата мајка. Убаво е да ги знаете сите тајни трикови, како би заштедиле време и нерви.

Напарфимирајте ја четката за коса со вашиот омилен парфем. Потоа исчеткајте ја косата и имајте коса која ќе мириса прекрасно.

Многу шампони и регенератори се премногу густи, па затоа можете да ги разредите со вода. Покрај тоа што добивате продукт кој полесно се нанесува, вие штедите и пари.

Вашиот регенератор може да биде одличен лосион за бричење, особено ако веќе не го употребувате за косата.

Ако коренот на косата почнал да се мрси, а вие немате време баш сега да ја измиете косата, втријте малку бебешка пудра во корените и расчешлајте.

Ставете го лосионот за тело во микробранова печка и затоплете го малку, но не дозволувајте да стане жежок. Топлиот лосион подобро и побрзо се апсорбира во кожата.

Затоплете го креонот и моливот за усни за поубав резултат. Тоа можете да го направите или со вашите раце или со помош на фен. Резултатот е поинтензивни бои и полесно нанесување.

Доколку веќе почнале да ви се појавуваат сите брчки околу очите, пред да ставите пудра околу очите нанесете мала количина на маслиново масло и почекајте добро да се впие пред да почнете со шминкање.

Ако сенките за очи или руменилото ви се раздробат, тоа не е причина да ги исфрлите од употреба. Тие повторно ќе си ја добијат својата функција ако ги измешате со вазелин. Така ќе добиете кремаста сенка за очи или руж.

Ако имате непослушни, бушави веѓи, земете стара четка за заби и прснете врз неа лак за коса. Потоа брзо поминете со четката преку веѓите. Така тие ќе останат фиксирани.

Доколу во одредени периоди од годината имате чувство дека лицето ви е склоно кон акни, плакнете го со чај од камилица, бидејќи има антибактериско дејство.

Ноктите често добиваат жолта боја од различните лакови во боја. За да ги зачувате ноктите бели, тријте ги со паста за заби.

Ако имате бебешка коса, која не стои како што посакувате, скротете ја со помош на лосион за раце. Нанесете малку лосион на вашите раце и замазнете ја косата. Ептен кратките влакна може да ги скротите и ако ги измазните со четкичка за заби на која претходно сте нанеле малку восок или гел за обликување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот