Трик кој ќе го смири вашето дете за неколку минути

0

Децата ни претставуваат се во животот но понекогаш знаат да плачат или врескаат од бес или огорченост. Ниту еден родител, дури и оној кој е многу нежен не е во состјоба да толерира дете кога вреска.

Некои родители дури ја користат и онаа тактика „викни погласно“, но тоа може да биде неуспешно.

Постои еден начин на кој може да го смирите детето а истото може да го користите и доколку работите во школо или градинка со деца.

Овој трик ќе ви помогне ако:

– детето е премногу гласно;

– детето се расправа;

– детето го ингнорира гласот на возрасните;

– детето не ги слуша вашите зборови;

 

Што прават родителите доколку детето покажува од горенаведените примери?

Повеќето родители си ја гледаат својата работа, припремаат ручек, читаат весник, гледаат телевизија или зборуваат на телефон, додека пак, детето е препуштено само на себе во друг агол од собата.

Еве го трикот кој може да го примените:

Во 90% од овие сценарија кога еден од родителите ќе му пријде и ќе го гушне детето тоа веднаш се ослободува од лутината и немирот кој го тера на плачење. Прашајте го што го мачи и зошто плаче.
Нема потреба да го повишувате тонот, само бидете до него, притоа, без строго обраќање. Кога децата плачат се што треба да направите е да им се приближете, доколку продолжат да се лутат и караат со вас, или пак се нервозни, вие само приближете им се со нежен тон.

Тоа е се!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот