3 работи од кои треба да се откажете за да ја вратите контролата над сопствениот живот

0

Дали сте си го поставиле прашањето – зошто треба да ја вратите контролата над својот живот?

Ако одговорот е позитивен, тогаш сте дел од луѓето кои сакаат да живеат поубаво од претходно, внесувајќи промена, наместо да го поминат времето плашејќи се од неа.

Почнете со промената веднаш со тоа што ќе морате да се откажете од следниве три работи за да ја вратите контролата.

Откажете се од тоа да се потпирате на нечија љубов

Кога го правите тоа, односно кога имате потреба од нечија љубов и потврда за тоа, тогаш ја предавате моќта. Никој не треба да ве дефинира како личност, а уште помалку на основа на емоции. Кога ќе престанате да го правите ова, си ја враќате сопствената автономија и вие ги диктирате правилата, наместо некој друг. Вие одлучувате што сакате од врската и од животот. Чувството на ослободување е неверојатно.

Откажете се од нереалните очекувања

Ако сте ‘воркохолик’ односно зависен од работата, во тој случај голема е веројатноста да си поставите високи стандарди сами на себе. Сигурно си фантазирате во текот на денот дека можете сè да остварите како што сте зацртале во главата. Тоа е во ред, нема ништо страшно, ако сакате да си ги подобрите вештините и да работите на себе.

Но, држејќи се до тие стандарди, само ќе почнете да се прекорувате себеси за незавршената работа и на тој начин ќе почне да ви опаѓа самодовербата. Наместо тоа, пробајте да го цените искуството кое го имате и кое сте го стекнале благодарение на трудот кој максимално го вложувате.

Откажете се од тоа да се обвинувате себеси ако погрешите

Сите грешат. Тоа е факт. Дури и луѓето на кои им се воодушевувате грешеле и сè уште грешат. Ако сакате да напредувате во животот, мора да преземате ризици, а со тоа доаѓа можноста за неуспех. Лесно е да се најде грешката, но тешко е да се гледа напред. А треба да го направите токму тоа, да гледате напред и да учите од минатото.

Животот е само ваш и вие треба да управувате со него.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар