Три најчести машки изговори за раскинување

0

Kога станува збор за раскинување, мажите во главно избегнуваат директен разговор и бараат разни изговори како не би ја повредиле партнерката, но бараат и начин да ја избегнат драмата. Едно британско истражување кое вклучило слободни мажи над 35 години, откива кои се најчестите изговори за раскинување, а се тотално бесмислени.

Проблемот е во мене, ти си совршена

Способноста да се измолкнат од една врска без притоа да има голема драма и тоа како им оди од рака на мажите, со тоа што целата вина ја преземаат на себе. Секако дека станува збор за создавње на привидно чувство на сигурност во намерата да не ја повредат партнерката. Изговорот “ти си супер, ама јас не вредам” е лажен изговор, кој има помага на 24% од мажите да ја завршат врската.

BreakingUp

Заслужуваш подобро од она кое јас можам да ти го дадам

За да излезат од врската со чист образ, мажите се подготвени да се стават во позиција на жртва, па така како изговор за раскинување го истакнуваат моментот на себе казнување со тоа што велат дека не вредат како луѓе. На овој ачин раскинуваат 32% од мажите.

Не сум подготвен за врска

Оваа изјава е вистина ако сте биле заедно кратко време и врската не прераснала во ништо сериозно. Но, ако со месеци сте поминале разни интимни ситуации, тогаш ова е чист изговор, а вака раскинуваат 44 % од мажите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот