Трендови во високата технологија за 2016

0

Напредокот во технологијата се движи со брзина на светлината, но тоа не значи дека не може да ги погледнеме трендовите кои се на прагот…

Што доаѓа во 2016-та на пазарот сигурно се прашувате, погледнете ги овие 5 гаџети што ќе може наскоро да ги користите…

1. Виртуелна реалност
Матрикс фикцијата од 90-тите станува реалност во 2016 година заедно со пуштањето на Play station VR- што личноста која ќе игра комплетно ќе ја внесе во светот на играта и ќе го засили искуството.
Промената на реалноста почна полека да доаѓа до нашата колективна свест пред неколку години кога излегоа позатите Google наочари.
zenski-magazin-tehnologija-koja-nam-dolazi(1)2. Флексибилен екран
Виткањето на телефони и флексибилни нараквици не се само делови од вашата фантазија; Барем не во 2016 година . Ployer компанијата е подготвена да го пушти својот флексибилен, дигиталнен производ во светот оваа година , во форма на нараквици и часовници, наречен ” Wove “.
zenski-magazin-tehnologija-koja-nam-dolazi(2)3. Aвтономни автомобили
Google не е единствената компанија со автоматски автомобили без возачи. 2016 годинa ќе биде одбележана со возила кои се движат сами без возач – Тesla , Volvo, Gm, Nisan и Audi се само неколку од брендовите кои ја тестираат својата опрема за претстојните модели кои ќе се појават на пазарот.
zenski-magazin-tehnologija-koja-nam-dolazi(5)4. „Беспилотни летала“
Да, беспилотните летала се веќе неколку години жешка тема и може да се купат во сите подобро опремени продавници кои се занимаваат со технологија. Сега со појавување на GoPro на пазарот, ќе се пушти и нивниот нов производ Karma, што ќе стане вистинска класика и “мејнстрим”.
zenski-magazin-tehnologija-koja-nam-dolazi(3)5. Нарачки преку апликации
Апликациите се начин на живот, но пишувањето пораки прерасна во нешто повеќе од само една форма на комуникација со емоции.
Услуги како Magic или Go Butler ги користат СМС- пораките за нарачки или што и да посакате.
Само испратете порака на Magic – (на пример, пица или кафе. ) и нарачката веднаш ќе ви стигне.
Можете дури и да побарате од нив да го погледнат местото на кое што треба да одите или да ја вкусат храната уште пред да ја порачате. Кој не го сака тоа ?

Останува да ги пробаме овие хајтек производи во 2016 година.
zenski-magazin-tehnologija-koja-nam-dolazi(4)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.