Тренд кој освојува…

0

Иако календарски сме длабоко навлезени во пролетта, времето е доста променливо. Затоа, променливото пролетно време е вистинскиот момент да облечете фустан со долги ракави. Популарните модни блогерки на Инстаграм наголемо се фалат со ваквите фустани во сите бои, со воочливи принтови, лелеави материјали, реси или карнери…

fustani-so-dolgi-rakavi (2)

Фустаните со долги ракави се навистина посебни. Тие се женствени, секси, професионални, шик, софистицирани, тренди, кежуал, се во зависност од тоа како ќе ги искомбинирате. Тие се олицетворение на се она што стилистите би сакале да го видат нас, а тоа е удобност, женственост и софистицираност.

fustani-so-dolgi-rakavi (3)

Миди фустаните со долги ракави се совршени за секаде, за во канцеларија, викенд излегување, кафе со пријателки. Кратките фустани со долги ракави се идеални доколку сакате да привлечете погледи, долгите фустани со долги ракави ќе ве направат хероина на уличната мода.

fustani-so-dolgi-rakavi (1)

Комбинирајте ги со масивен накит за вечерни излегувања, со сако за на работа, со старки за кежуал изглед, со балетанки за попладневните прошетки, со високи потпетици за љубовен состанок…

fustani-so-dolgi-rakavi (5)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот