Тренд или здравје: дали треба да пиеме млеко

0

Кога сме биле мали млекото било задолжително за нас: полно со калциум и витамин Д за зајакнување на коските и забите. 
Освен тоа содржи холин, неопходен за помнење и калиум за заштита на срцето.

И покрај сето ова продажбата на млекото во последните 20 години е многу падната, особено во земјите Британија и Америка- дури 30%.
Се започна во 70-тите кога мастите станаа голем непријател, а пак замена за тие производи на пазарот направија оние со ниска масленост како сирењето, млекото, јогуртот итн.
Оттаму се појави прашањето за нетоларанција. Оние пак што го исфрлија мелкото од употреба тврдат дека варење на храната им е забрзано, тенот на кожата подобар и дури чувствуваат подобро расположение.

Со ова на пазарот се појавуваат најразлични алтернативи од соја , ориз, овес, бадеми , па дури и некои генетски модифицирани верзии кои комплетно направија млекото да биде изоставено за време на појадок. Вечерата пак е заменета со енергетски или газирани пијалоци, различни скови и вода со различни вкусови.
got-milk-superman_0
Во споредба со сите овие производи- напитоци, млекото се уште гордо го држи својот идентитет на пазарот.
Најуспешната маркетинг кампања на „Гот Милк“ е започната од 1993 година се до 2014 година, каде многу познати личности за сите овие години учествуваа во различни реклами, часописи и билбодри на компанијата, носејќи бели мустаќи.
Тие се приклучија на кампањата за млекото повторно да се најде во домовите на луѓето ширум светот- David Beckham, Beyonce, Angelina Jolie, Taylor Swift, Sofia Vergara и уште многу други. Кампањата заврши минатата година, но шпекулациите се задржаа.
original_Taylor_Swift_got_milk
Кравјото млеко е полно хормони што на телото му помага да порасне. Едно истражување покажа дека 60-80% на хормоните кои се внесуваат во женското тело потекнуваат токму од мелкото. Дури и оние кои се штетни и кои може да предизвикаат рак.
Истото испитување покажа дека жените кои дневно пијат повеќе од 2 чаши млеко имаат поголеми шанси да заболат од рак на јајниците.
Сеуште никој точно неможе да пресмета колку точно хормони добиваме од млекото бидејќи голем дел од истите се губат во текот на варењето. Оттука произлегува и прашањето за „заболени“ крави кои ги хранат со антибиотици и на вештачки начин само за да произведуваат поголемо количество на млеко.

Други пак испитувања спроведени во Јапонија, покажаа дека жените кои пијат млеко го намалуваат ризикот за заболување на рак на дојките, бидејќи млекото го подобрува имунитетот и спречува појава на Алцхајмерова болест.
o-IS-MILK-BAD-FOR-YOU-facebook

Во меѓувреме пак, млечната индустрија постојано шири кампањи по социјалните мрежи за да се задржи конзумирањето на млекото во домот.
Прашањата и натаму се отворени и потребни се подетални истражувања, но добрата страна на целата оваа конфузија е што човекот може свесно да размисли за своето здравје и за намирниците и пијалоците што ги конзумира.
Одговорот пак секогаш е многу едноставен- слушајте го вашето тело и одберете она што му одговара.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.