Трејлерот за новата сезона на Prison Break шокира!

0

Љубителите на „Prison Break“ се израдуваа со промоцијата на трејлерот за петтата сезона на серијата.

И самиот трејлер донесе вистински шок – Мајкл Скофилд е жив! Освен ова во трејлерот може да се види дека тој е повторно некаде зад решетки и како што вели самиот наслов, се обидува да избега.

За сега се планирани само девет епизоди, но креаторите на серијата не ја отфрлаат можноста да има уште неколку, но тоа ќе се одлучи пред крајот на снимањето.

Инаку, познат е датумот на премиера на серијата – 4 април. До тогаш, погледнете го трејлерот на новата сезона.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот