Треба ли да му дозволите на вашето куче да ве „бакнува“?

0

Бактериите што се наоѓаат во устата на кучињата се разликуваат многу од бактериите што ги има во устата на човекот, па блискиот контакт може да предизвика разни заболувања.

Според Џон Оксфорд од лондонскиот Универзитет „Кралицата Мери“, кучињата многу често го ставаат носот на валкани места, дури и под опашката на другите кучиња, па ова значи дека нивните усни и носни шуплини се полни со разни вируси и бактерии.

Овие бактерии не му се познати на човечкиот организам, па тоа може да предизвика појава на болести кај луѓето. Дел од тие болести се гастроентеритис или менингитис, а тие се поврзани со плунката на кучињата.

Во принцип „бакнувањето“ со кучето не е штетно за луѓето, но, ситуацијата е поинаква ако човекот има ослабен имунолошки систем, па секоја бактерија може да го нападне. Затоа се препорачува да се избегнува „бакнување“ со кучето, посебно за малите деца, за лицата со хронични болести и кај повозрасните луѓе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.