Треба ли да го исклучувате лаптопот од полнач?

0

Навистина, треба ли секогаш да го исклучувате лаптопот од полнач штом ќе се наполни батеријата? Точен одговор на ова прашање не постои.

Според тестирањата на батеријата на лаптопите, ако вашиот уред е постојано на полнач, тоа ќе ги намали неговите можности. Освен тоа, покачената температура што е резултат на самото полнење на батеријата, ѝ штети на електрониката, па затоа некои препорачуваат да ја извадите батеријата од лаптопот и тој постојано да ви биде „на кабел“.

Ова, сепак не е возможно кај некои нови лаптопи, бидејќи батериите се запечатени во куќиштето за да се намалат нивната тежина и нивните димензии.

Acer препорачува да се вади батеријата секогаш кога е тоа можно, а HP препорачува лаптопот барем две недели постојано да се полни, без престан. Dell тврди дека нема никаков проблем ако ви е лаптопот постојано на полнач, а според Apple идеално е да се полни и да се остави да се испразни батеријата.

Бидејќи нема конкретен одговор, најдобра опција е самите, според вашиот лаптоп да решите дали ќе ја чувате батеријата на полнач или да ја извадите. Или да се придржувате до советите на производителот на вашиот лаптоп.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар