TOW#432 – Долгови и како да ги менаџираме!

0

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Не сум финансиски експерт, но и тоа го научив, не за друго, долговите знаат да влијаат многу на секојдневното нормално работење и живеење. Да, најдобро е да немате долг кон никого, но некако дојде време кога секој секому му должи. Ако вие не платите некому, тогаш тој/таа нема да плати на друг, истиот нема да плати на трет кој, пак, вам ви должи, и тука доаѓаме до моментот дека секој должи на некого, но за тоа друг пат.

Сепак, и покрај тоа што го знаеме ова, секој од нас е во некаков долг кон некого и потребно е да знае како да раководи со тој долг. Ако е мал, редовните подмирувања на долговите и негова контрола е најважна работа, но ако веќе прерасне во голем долг, тогаш е потребно поголемо внимание и контрола на работата, затоа што многу лесно може да излезе од контрола. Но, како да не се најдеме во вакви ситуации?

  • Знајте кому и колку должите – постојано мора да имате информација кому и колку должите. Има некои обврски кои не можете да ги одолговлекувате, но има некои кои можете да ги договорите и да ги платите подоцна. Пак ќе кажам, најдобро ќе биде, ако навремено ги подмирувате обврските.
  • Календар – направете календар на подмирување на обврските, но и календар на добивање на финансиски средства од луѓе кои вам ви должат.
  • Плаќање однапред – за да не се доведете во ситуација да должите некому, плаќањето однапред на одредени средства може да ви биде добар кредит, ако некогаш некому должите, тука да побарате помош.
  • Преговарање – има сè поголем број институции коишто дозволуваат да се преструктурира долгот и да може да го платите на рати. Таму каде што можете во приватниот сектор, преговарајте со луѓето за одложување на плаќањето.
  • Помош – ако долговите кон други лица ви се зголемуваат и тешко може да ги контролирате, тогаш можеби е време да побарате помош од стручни лица.
  • Приоритети – направете листа на сите долгови што ги имате и сите приливи што ги очекувате и направете приоритети на плаќања.
  • Кредит – доколку немате доволно средства, земете кредит за да ги платите долговите, но гледајте кредитот којшто ќе го земете да можете да го подмирувате.
  • Средства на страна – за да не се ставите во вакви ситуација, секогаш имајте средства на страна или познати кај нас, „средства за црни денови“

Ако сте во долг, не е крај на светот, но секогаш треба да знаете дека долговите треба да ви бидат максимум колку што ви се и месечните (севкупни) примања. Ако одите над тоа, тогаш е веќе потребна и стручна помош.

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.