TOW#431 – Хаос

0

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Како се снаоѓате во хаотично опкружување?

Дали ви е работното место средено или хаос во кој само вие се снаоѓате?

Дали хаос (дома или на работа) ви се случува често или поретко?

Хаос и кризна ситуација се секаде околу нас и навистина треба да си магионичар за да знаеш кога ќе ти се случи. Не знам дали сте го доживеале, но во некој дел од животот секој од нас го доживеал. Совладувањето на хаосот кој се случува во тој момент е тежок дури и за најобучените луѓе, но тие барем учат нешто од него.

Но, што да правите за да дојдете до најдоброто, но и најбрзото решение во таква ситуација:

  • Тим – направете тим од неколку луѓе (па, јас би рекол не повеќе од четворица) со кои ќе направите план и активности за наредниот период и како да излезете од ситуацијата во која сте нашле.
  • Помошен тим – секогаш имајте индивидуалци на кои за одредени работи ќе може да се потпрете во наредниот период и кои наскоро ќе можат да влезат во главниот тим.
  • Идеи – во овој период ќе бидете атакувани од едно чудо идеи. Ќе мора да изберете една или две максимум на кои ќе работите за да излезете од ситуацијата, но сите други запишете ги некаде за подоцна. А кога ситуацијата ќе се среди, ќе можете да поминете и низ нив. Сигурно некоја идеја ќе биде и за подоцна актуелна, а можеби ќе биде профитабилна, но едноставно, во тој момент не ѝ било време.
  • Изолација – која било книга да ја прочитате, ќе ви каже дека во такви моменти е потребни да имате време за изолација. Посебно е потребно главниот тим почесто да се собира во посебна просторија и да се дискутираат сите работи кои се случиле во тој период и кои активности треба да се преземат за наредниот период, понекогаш и во наредните неколку саати.
  • Приоритети – за да работи тимот со одлични резултати и побргу да се излезе од ситуацијата во која се нашол, потребно е да се постават приоритети. Тие треба да бидат јасни и разбрани од сите инволвирани.
  • Комуникација – јасна, отворена и постојана комуникација со сите. Немате време за скриени игри!
  • Финансии – бидете подготвени дека можеби ќе треба да потрошите некоја пара екстра од она што сте го планирале.
  • Фокус да направите решение, а не да брзате – кога сте во ваква ситуација и хаос е секаде околу вас, сосема е нормално да се фаќате за брзи решенија. Но брзите решенија не секогаш се и правите решенија, па мој совет е да се фокусирате на решенијата кои ќе ве извлечат од ситуацијата.
  • Помош – идентификувајте места и активности каде што ви е потребна помош, идентификувајте кој може да ви помогне и како, со разговор (отворено) со екипата. Немојте да се плашите да побарате помош.
  • Смирени – во вакви ситуации многу е можно често да се доаѓа до конфликтни ситуации, но вашата смиреност, во овие моменти, е повеќе од потребна.

Најстрашното од сè е што сите тие кризни и хаотични моменти се проследени со временски теснец на нивно решавање, финансиски проблеми, нервози од страна на клиентите, недостаток на луѓе во тимот, но треба да знаете дека за сè има решение, само не знам дали ќе ви се допадне решението.

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.