ТОW#449 – Во последен момент

0

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

На времето, работите некако ги правев во последен момент, ама сфатив дека тоа може да ми донесе само главоболки. Но лекцијата не ја научив или можеби ја научив, ама јас сè уште се впуштам во извршување на работи во последен момент.

Кога сме кај научените лекции, ми се покажало дека работите завршени во последен момент доведуваат само до големи нервози, главоболки и најчесто „килаво“ завршени работи, но најважно е дека нервозите се големи. Дополнително на тоа, целата ситуација е стресна, па и периодот на „опуштање” после таква завршена работа е долготраен.

Но, бидејќи сите ние сме врзани со рокови, а тие рокови не зависат само од нас, колку и да се учиме да ги завршуваме работите на време, сепак, кога зависиш и од други, не можеме да се придржуваме до роковите. Затоа, таму каде што работите зависат од вас, стоите до тоа дека тие треба да бидат завршени на време, но таму каде што не зависат од вас, пробајте да се едуцирате така што ќе воведете некои мерки:

  • Организација – како што сте вие организирани, така настојувајте и тие кои се инволвирани во работата, да бидат организирани.

  • Пристап – сериозноста на пристапот ве дефинира дали работите ќе ги завршите на време или во последен момент. Само со сериозен пристап на работите и обврските, кои сте ги преземале, нема да ви се случува да правите нешто во последен момент.

  • Приоретизација – прво направете ги работите кои знаете дека ќе ви одземат најмногу време или тие што ви се приоритетни и се врзани со рок, па после другите. А не како што знаеме да направиме, прво полесните (работи кои меѓу другото можеме да ги направиме и кога сакаме) па после другите…

  • Планер – имајте си планер пред себе каде што ќе ги заведете сите работи кои треба да ги направите, а ако немате, слободно обратете се кај нас, со задоволство ќе ви испратиме по пошта (на првите петорица што ќе ни одговорат на овој ToW ќе им испратиме по еден #TipOfTheWeek брендиран планер).

  • Концентрација – извршување на работите во последен момент бара голема концентрација затоа што сте под притисок заради времето, можности и ресурси. Затоа, ако веќе сте да направите нешто во последен момент, тогаш пробајте да се изолирате и да бидете сами, затоа што ќе ви биде потребна концентрација повеќе од претходно.

  • Започнете пополека – патот е долг и ако удрите форца уште во првиот момент, ќе се истрошите на самиот почеток!

  • Очекувања – соодветно на времето и на енергијата, немојте да имате големи очекување во однос на сработеното. ДА, дајте си дека ќе биде направено најдобро што може, но голема е веројатноста дека и нема да биде така. Сепак, направено е во последен момент.

Имајќи го предвид горенаведеното коешто не го применуваме, затоа и постојат сите оние Last-Minute понуди кои ги нудат туристичките организации. Да, тие знаат да бидат и поевтини од другите, но не и најдобра варијанта, затоа што изборот ви е намален и сведен на само тоа што се нуди во тој момент. Што и да е, немојте да ги правите работите во последен момент!

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар