TOW#427 – Договор

0

Договор, куќа гради – стара македонска поговорка

Кога почнавме со работа, еден наш партнер ни кажа: „Абе дечки, порано немаше договори како сега. Се знаеше, што е договорено усно, тоа е тоа! Порано преовладуваше еснафскиот момент“.

Но ако порано еснафскиот момент значело договор, се сложувам со неговата наредна констатација “…сега мора да потпишам договор, за да можеби се остваринешто”. Да, сега треба да се потпише договор зоштовремињата се менуваат.

Договорите веќе играат витална улога во вашиот понатамошен бизнис, но не и само бизнис. Договорите можат да бидат и помеѓу пријатели, другари, фамилија… можеби не во пишана форма, но постојат!

Но, прашањето е: зошто договорите не успеваат или не се придржуваме до нив?

  • Импулсивна одлука – знаеме да нè понесе моментот и да дадеме рака, но после да се премислиме. Не е проблемот во премислувањето, туку кажете ѝ на другата страна… можебитаа очекува дека она што е договорено ќе се исполни.
  • Несериозност – несериозно му пристапувате на концептот на договор. Сепак, затоа и постои за да се придржуваме до него.
  • Не добро дефинирани работи – веќе кога ќе се договарате, дефинирајте ги работите убаво. Влегувајте во детали!
  • Долгорочност – секој договор треба да има за цел за долгорочна соработка. Кога ги поставувате рамките, размислувајте во насока дека после 100 години од соработката некој, без ваше присуство, ќе треба да го извади и да види што е дефинирано.
  • Лош партнер–сте направиле лош избор во партнерот и едноставно договорот не успева. Најдобро е да го прекинете со време или да ги ревидирате очекувањата.
  • Ревидирања – потребни се повеќе од вообичаено, посебно сега, во време на брзо менување на домашните, регионалните и светските економии кои секако влијаат на секој од нас.
  • Придржување кон договореното – ова е двострана работа, бидејќи ако другата страна не се придржува кон договореното, може пак е така затоа што другата страна мисли дека вие не се придржувате кон договореното. Седнете направете разговор, исходот може да биде само позитивен (кој и да е).

Имајќи го сето ова предвид, а сигурно и ред други работи кои не се овде напоменати, важноста на она што е договорено е многу важно за понатамошниот тек (на животите воопшто). Без нивно присуство (во која било форма), не би требало да започнете никакви понатамошни дејства поврзани со таа активност или проект.

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на линкот. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.