TOW#419 – Набрзинка

0

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на линкот. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.“

Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш.
Но, не иде тоа баш така.
Да, може нешто да се случи набрзинка само ако претходно убаво сте испланирале, во спротивно, набрзинка се прават само проблеми, ништо друго.

Живееме во брзо време и тоа многу влијае врз сите нас. Секојдневно се соочуваме со информации за тоа како може да се ослабе за 3 дена, како може да се збогатиш за 7 дена итн. итн.

И сите сме свесни дека да беше така, тогаш сите ќе бевме она што сакаме или посакуваме да бидеме. Но за да биде нешто така, потребна е:
– истрајност
– конзистентност
– фокусираност
– време

Едно да е јасно: Ништо нема набрзинка! За сè треба време.

Среќна Нова година и многу успех,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.