TOW#416 – Пауза!

0

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на линкотКако сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека „немаме време”?! Во таква ситуација сум сега јас. Полуден! Згора на сите тековни обврски, активно работејќи на кампањата за Tip of the Week на Кикстартер и приватни незавршени обврски, јас треба да пишувам и неделен совет!

Она што можам да направам (една од работите) е да направам пауза! И затоа овој неделен совет нема да пишувам многу опширно и ќе одморам малку. Ќе бидам краток и концизен. Јас ќе направам ПАУЗА!

Правете и вие паузи во работата и во животот!!! Застанете! Почекајте! Што сака нека се случи, животот и работата сигурно нема да ви пропаднат, ако малку застанете!

Со успех во промените,

Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.