Торта со јагоди и чоколадо

0

За денеска од Мои рецепти торта со јагоди и чоколадо, состојки за кои нема што повеќе да се зборува. Оваа торта е вистинска магија!

Подготовка

Чекор 1: Ставете на пареа да се растопи 60 грама чоколадо. Во миксерот матете 180 грама омекнат путер и 180 грама шеќер, додека не добиете пенаста смеса. Додадете 5 јајца едно по едно, па малку по малку од стопената и изладена смеса чоколадо.

Чекор 2: Ставете ги сувите состојки во еден сад – 180 грама брашно, 1 прашок за пециво, 30 грама какао, 2 лажици лебни трошки и сè заедно просејте го со сеалка. Така ќе добиете сунѓерест пандишпан. Лесно промешајте ја смесата од сувите и течните состојки, па сипете ја во округлата тава за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Чекор 3: Јагодите исечкајте ги на четвртини или поситно зависи која големина се. Во миксерот ставете 200 мл слатка павлака и матете ја додека не добиете кремаста смеса. Павлаката подобро се мати ако е ладна.

Чекор 4: Растворете 1 кесичка желатин со малку вода на пареа. Потоа додадете 200 мл јогурт и измешајте го со желатинот. Откако ќе се спои смесата од јогурт додадете ја во кремот од слатка павлака и лесно промешајте. Додадете ги јагодите и промешајте со шпатула, колку да се изедначи смесата. Оставете ја 15 минути во фрижидер малку да се стегне. Пандишпанот исечете го на две кори и филувајте со кремот од јагоди.

Чекор 5: На пареа ставете да се растопи 150 грама чоколадо и додадете малку ароматично виски (по желба). Додадете 75мл вода и мешајте додека смесата не се растопи. Доколку ви излезе премногу густа смесата, можете да ја разредите со малку зовриена вода. Оставете ја глазурата малку да се олади. Прелејте ја тортата и ставете ја во фрижидер да се олади најмалку 2 часа.

Чекор 6: Пред сервирање декорирајте со рендано чоколадо и половинки од јагодите.

СОВЕТ: Многу е важно желатинот да се раствори во млака, не ладна течност, за да може да се зацврсти.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот