Топ Шоп – бренд на кој му веруваме 20 години

0

Брендот Топ Шоп, кој е препознатлив за сите, годинава слави 20 години постоење. Низ годините, ни претставија различни производи кои во целост го променија начинот на кој живееме и производи кои се издвоија на пазарот со својот квалитет. Топ Шоп е начин на продажба, бренд и традиција, синоним на Студио Модерна. Топ Шоп беше основа за развој на многу други брендови– Дормео, Делимано, Вокмакс, Шарк, Биди Фит… За јубилејните 20 години постоење на Топ Шоп, разговараме со г-ѓа Верица Верица Јовчевска, извршен директор на Студио Модерна.

20 години е бројка на која треба да и се даде големо значење. Како е да се гради бренд толку години?

Сите овие 20 години успеавме да ги освоиме срцата на нашите купувачи. Тоа е успех затоа што сите производи беа во тренд, иновативни и ги исполнија нивните желби и потреби за подобрување на квалитетот на животот. Денес, по 20 години постоење, за нас Топ Шоп претставува доверлив бренд и вистинска шопинг платформа за иновативни производи за домаќинство, убавина, здравје и фитнес.Она што е денес Топ Шоп низ бројки може да се опише со: лансирање на повеќе од 30 производи во текот на годината, присутност на 2 национални и 12 локални телевизиски канали, 17 Топ Шоп продавници и 10 франшизи, повеќе од 20.000 Клуб 5 членови, повеќе од 1.000.000 кликови на нашата веб-страница www.topshop.com.mk и 160 редовно вработени .

Што е она што ве издвои од толпата на компании кои нудат купување од дома?

Бевме првата компанија во Македонија која го воведе бесплатниот телефонски број 0800. На првите наши реклами се случуваше телефоните да зазвонат и многу од нашите потенцијални купувачи да исклучат мислејќи дека се јавуваат надвор од Македонија.

Слоганот „Купувајте од фотеља“ за многу кратко време стана многу препознатлив. Таа удобна фотеља која се вртеше асоцираше дека вие од дома, без да губите многу од вашето драгоцено време за купување, само со еден повик можевте да го купите вашиот омилен производ.

Бевме првата компанија во Македонија која на секој купувач му овозможи враќање на парите доколку производот не му се допадне.

Кои беа производите кои ги нудевте на самите почетоци?

Меѓу првите bestseller производи кои се појавија во нашето портфолио бea перницата Contour, ски-симулаторот Easy Glider (првата спортска справа), па потоаТавата за готвење Dry Cooker…

Кој бил најдобриот момент во овие 20 години?

Наше посебно задоволство ни бea повратните информации и позитивните реакции со коментари од купувачите на прашањето „Што Топ Шоп значи за мене?

– Лесно купување; задоволство од квалитетот на услугата и производите; од сите сегменти кои штедат време и пари; среќа и задоволство.“

Во чест на 20 годишнината од создавањето на Топ Шоп, дали ќе има посебна понуда која треба да ја очекуваат вашите клиенти?

Довербата која ја стекнавме кај нашите купувачи сите овие 20 години ни дава за право за нив да подготвиме и неколку изненадувања со посебни понуди секој 20ти во месецот до крајот на годината.

Кои се идните планови на овој бренд?

Останува наша одговорност да создадеме успешни приказни во наредните години.Топ Шоп и понатаму останува да биде високо признаен бренд, кој сега ја таргетира помладата публика со нови иновативни производи. Очекуваме најмалку 2 Топ Шоп производи да бидат присутни во секој дом. Топ шоп e бренд со сигурна репутација кој ги исполнува очекувањата на купувачите со високиот квалитет на производите.

За да ги видите најдобрите понуди овој месец, кликнете ТУКА!

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.