Топ 9 улични трендови кои ќе ја обележат 2018!

0

Кога зборуваме за „must have“ парчиња, и оваа година нема да помине без оние со широк крој и како и оние со неизбежните детали кои потсеќаат на диско модата од 80-тите, кои подразбираат нагласени раменици, гломазни обетки, впечатливи блејзери, кратки здолништа, па дури и очила за сонце како визири – еден од најпрепознатливите аксесоари за оваа модна ера.

Секако, присутни се и неизбежните принтови, како и туфните од 60-тите, а победнички дезен е оној во комбинација на црна и бела боја.

Кога станува збор за доминантни аксесоари на листата и понатаму се наоѓаат оние од 2017 година – сламените чанти и големи шешири.

Додека кога се во прашање боите, Pantone, веќе години наназад го има главниот збор на основа на сериозни и детални анализи во светот на дизајнот и декорот, а за 2018, во тренд се магичните ултравиолетови нијанси.

Што најмногу ќе гледаме на улиците на големите модни метрополи?

1. Туфни

2. 80-тите

3. Логоманија

4. Сламени аксесоари

5. Нијанси на виолетово

6. Широки ногавици

7. Микс од впечатлив колорит

8. Широки раменици

9. Тренч мантили

Извор: elle.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.