Топ 5 места кои треба да ги посетите на Кипар

0

Комбинација од турска и грчка култура, јазик и религија, во Кипар ќе добиете чувство дека се наоѓате во би-културен пејзаж скриен далеку во Средоземното Море.

Кипар привлекува со песочните плажи и животниот стил исполнет со многу забава и сонце, како и богат репортоар на активности покрај морето. Некои велат дека токму овој остров е следната Ибица.

Сепак, Кипар нуди одлични можности за сите – Без разлика дали сте љубители на забава, мирен или авантуристички одмор.

Доколку Кипар е на вашата листа со посакувани дестинации, задолжително погледнете ги 5-те топ локации кои ќе ви го одземат здивот:

  1. Ayia Napа
    Област покриена со беспрекорни плажи (најпопуларната е Nissi Beach) и топла вода – совршена локација за љубителите на водени спортови, сончање и капење.
  2. Paphos
    Пафос го задржува својот статус како културен главен град на Кипар без сомнение, што во голема мера се должи на неговото богато културно наследство и архитектонски предели. Сепак, тоа не е се што оваа локација нуди – Да не ги заборавиме беспрекорните плажи и пристаништа.
  3. Limassol
    Лимасол е втор најголем град во Кипар, дом на пристаништето Лимасол – кипарскиот транспортен центар и клучен играч во медитеранската трговска индустрија. Економските движења го еволуирале Лимасол во жариште на туризмот и културата.

    Секако, градот нуди и изобилство на прекрасни песочни плажи.
  4. Larnaca
    Еден од најстарите градови на островот, кој нуди многу прекрасни глетки. Долгите патеки на крајбрежјето се совршени за прошетка, особено шеталиштето Ларнака кое обезбедува живописен поглед во вечерните часови.

  5. Platres
    Лоциран под падините на планината Олимп, Платрес им нуди на туристите ренесанса далеку од преполнетите плажи и шеталишта. Нуди незаборавен престој длабоко во густата шума и ладовина, совршено за љубителите на долги прошетки, излети и забавни активности во природа.

    При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.