Топ 3 дестинации за сите романтичари

0

Ако сте љубители на романтиката и патувањето сигурно овие дестинации ќе ве остават без зборови…

Се разбира дека некои европски градови се карактеризираат како рамантични, но кога е во прашање уживање во подалечна земја, топло ви ги препорачуваме овие 3 места.

Тајланд– идеално егзотично место за романтично бегство.
Овде смештајот може да чини повеќе со оглед на ексклузивните одомаралишта на места како Khaoiai националниот парк, каде што може да ручате на врвот од брдото опкружени со замаглени планински врвови или пак да изнајмите изолиран бунгалов на самата обала.
Тајланд за многу кратко време стана омилена дестинација на заљубени парови. Кристалната вода, забавата под ѕвезденото небо на самите плажи ќе направи да се чувствувате како во рајот. На ова место и да не сте заљубени со сигурност ќе се заљубите. Самата убавина на природата го налага тоа. Еднаш во животот мора да го посетите ова магично место.
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_01
bangkok
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_10
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_02
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_05

Санта Лусија– Ако сте љубители на класичен одмор на остров, убавината и луксузот што ја овозможуваат Карибите нема да ја најдете на ниту едно друго место во светот.
Санта Лусија е вистинска убавина помеѓу островите по име Virgin Islands.
Убавата Санта Лусија се протега помеѓу Карипско Море и Атлантскиот Океан и изобилува со плажи кои се вистински рај за очи. На бреговите на овој инаку мал остров, се издигаат два врвови на планината Питон со околу 700 метри височина. Тие се состојат од богата џунгла, тропска вегетација и огромна врста на птици.
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_08
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_09

luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_11
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_12

Египет– Пловењето по реката Нил ноќно време со посета на природно топлите извори и обиколката на древните рушевини исто така спаѓа во убав и романтичен аранжман што оваа дестинација го нуди.
Оваа земја е прекрасно наследство и спомен од почетоците на цивилизацијата, на некој начин е и првата туристичка дестинација во светот.
Меѓу другото, мултимилионски град Каиро е вистинска атракција со сета своја разноликост, Црвеното Море, луксузните хотели и песочни плажи, активен ноќен живот -сето ова се работи кои треба да се искусат и доживеат токму на ова место.
Пирамидите во Гиза едно од седумте светски чуда на античкиот свет, реката Нил и Александрија, сето ова може да го видите во Египет и да се вратите назад во историјата на човековото постоење.
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_03
setheight800-kempinski-nile-hotel-exterior
luksuz-turizam-odmor-putovanje-dan-zaljubljenih_06

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.