Тони Бенет, легендата на американската музика

0

Добитник на 19 Греми награди, Тони Бенет е артистот кој никогаш не се плашел да проба различни музички жанрови и стилови, затоа е омилен на многу генерации.

Неговата импозантна дискографија вклучува дури 57 студиски албуми, 11 aлбуми во живо, 31 компилација и 81 сингл. Тој го држи рекордот за наjстар уметник во музичката историја.

Роден е во Асторија, Њујорк, на 3 август 1926 година. Минатата недела го прослави 90-тиот роденден.

Телевизиската мрежа NBC подготвува специјално двочасовно шоу во негова чест “Tony Bennett Celebrates 90: The Best Is Yet to Come”.

toni__1470501921_92.53.30.159

Во програмата ќе учествуваат многу значајни уметници, а на листата на гости кои досега се најавени се Андреа Бочели, Мајкл Бубле, Арета Френклин, Лејди Гага, Били Џоел, Елтон Џон, Дајана Крол, Кеј Ди Ланг, Руфус Вејнрајт и Стиви Вондер.

Тој веќе ја имаше својата голема забава на која беа поканети многу негови пријатели, познати имиња од светот на шоу бизнисот.

gettyimages-585726834__1470501969_92.53.30.159

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот