Том Форд конечно дизајнираше нешто што не може секој да си го дозволи

0

Можете да купите очила со потписот на Том Форд. Можете да си купите и парфем. Или пак чевли. Но, ако обожавате часовници, многу е голема веројатноста дека овој часовник нема да можете да си го дозволите.

Самиот Форд ја најави неговата нова линија луксузни часовници која ќе биде дополнување на сето она што го дизајнирал до сега – облека за жени и мажи, аксесоари, мириси и костуми изработени по нарачка.

Линијата часовници ќе биде направена во соработка со компанијата Bedrock Manufacturing Company. Како повеќето ексклузивни и скапи часовници во светот, и овие ќе бидат произведени во Швајцарија. И секако, ќе се продаваат по многу висока цена.

Форд истакна дека часовниците му се дамнешна опсесија и дека само го чекал вистинскиот момент за да почне да ги создава.

Иако за сега не е најавен датумот за нивната промоција, не можеме да дочекаме да ги видиме, знаејќи дека се што е со потписот на Том Форд е едноставно – совршено!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот