Том Брејди е новото заштитно лице на Астон Мартин

0

По петтата победа на неодамнешниот Супербол, Том Брејди, напаѓачот на Њу Ингланд Патриотс, за многумина попознат само како сопруг на супермоделот Жизел Бундхен, стана ново заштитно лице на Астон Мартин.

Британскиот производител на луксузни автомобили, според пишувањето на luxlife, пушти кратка тизер реклама со која го претстави новото партнерство помеѓу нив и популарниот рагбист. На видео снимката стои порака „Tom Brady & Aston Martin – Coming Soon“.

Брејди ќе го промовира моделот Aston Martin DB11 кој го поседува најмоќниот модел во DB серијата направен до ден денес, а овој модел ќе поседува 5,2-литарски twin турбо мотор со 600 коњски сили.

Моделот чие заштитно лице е Брејди ќе чини околу 215,000 долари, па и не чуди што токму популарниот спортист ќе стои зад него.

Според Енди Палмер, извршниот директор на Астон Мартин, DB11 е отелотворение на она што е Астон Мартин како бренд.

 

Работевме напорно на овој проект за да создадеме автомобил кој комбинира врвен дизајн и најнова технологија“.

Вистината е дека со нетрпение ја чекаме новата кампања за да видиме како ќе се снајде Брејди во новата улога, иако не му е непозната.

Дотогаш, можете да го погледнете краткото видео за најава.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот