Токискиот национален музеј: најпознатиот сведок на азиската историја

0

Азиската култура е дијаметрално различна од нашата, започнувајќи од нивната историја, па сè до начинот на кој функционира денес.

Доколку патот ве носи кон земјата на изгрејсонцето, никако не смеете да го пропуштите Токискиот национален музеј.

Токискиот национален музеј е основан во 1872 и претставува најстариот и најголемиот музеј во Јапонија.

Музејот  е сместен во паркот Уено во Токио. Објектот се состои од Јапонска галерија, Галерија на Азија, Галерија на богатствата на „хорју-џи“ и Центарот за истражување и информации.

69532-Tokyo-National-Museum

Музејот е дом на голема збирка на уметнички дела и археолошки предмети од Азија, најмногу од историјата на Јапонија. Во музејот има над 110.000 експонати, меѓу кои 87 јапонски национални богатства и 610 важни културни дела. Има и посебна музејска збирка која е посветена на древната јапонска и азиска уметност по Патот на свилата. Исто така има и голема збирка на будистичка уметност. Музејот исто така врши истражувања и организира образовни настани поврзани со збирката.

Постојат ресторани и продавници во музејскиот комплекс како и градини каде посетители можат да уживаат во сезонски пејсажи. Сите информации во музејот се достапни на јапонски, кинески, англиски, француски, германски, корејски и шпански.

Tokyo National Museum Pic2 csm_Horyuji_1998_TMN_Tokio_02_48acc41e9d 3054_tokyo_06 3054_tokyo_03

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар