Што да посетите во Минхен?

0

Градот Минхен лежи на реката Изар, северно од Баварските Алпи. Минхен е третиот најголем град во Германија по Берлин и Хамбург и има околу 1,35 милиони жители.

Неговото име München потекнува од старогерманскиот збор Munichen, што во превод на македонски значи монаси. Името на градот потекнува од монасите во Бенедиктанскиот ред, кои и го основале градот; тоа е и причината поради која на грбот на Минхен има монах.

Градот е интересен спој од историски згради и современа архитектура која импресионира, бидејќи по војната Минхен ги обновува руините од историските знаменитости, но истовремено и создава нови ремек-дела во архитектурата. Една студија спроведена за „National Geographic Traveler“ од Центарот на здружението за одржлив развој, избраа повеќе од 100 историски места во целиот свет и Минхен е на 30-тото место како најдобра дестинација.

Во центарот на градот е Мариенплац, голем отворен плоштад именуван според столбот, кој е во центарот на плоштадот и близу кој се наоѓаат Стариот и Новиот градски дом. На кулата на Новиот градски дом е познатото ѕвонење на камбаните.

Црквата Свети Петар (Peterskirche) во близина на Мариенплац е најстарата црква во центарот на градот. Изградена е во романескин архитектурен стил и во неа биле сместени монасите уште пред официјалното основање на градот во 1158 год.

Во Минхен вреди да го посетите Виктуалинмаркт (Viktualienmarkt), најпознатиот и најшарениот пазар во Минхен.

Богородичната црква (Фрауенкирхе) е најпознатата градба во центарот на градот и служи како катедрала на Минхенско-франзиншката архиепископија. Во близина е и црквата Свети Михаел (Michaelskirche), која е и најголемата ренесансна црква северно од Алпите, додека пак Театинеркирхе (Theatinerkirche) е базилика од доцниот италијански барок и истата имала оргомно влијание на јужно германската барокна архитектура.

Хофбројхаус е веројатно најпознатата пивница во светот и е во самиот центар на градот. Таа ја држи и втората по големина хала на Октоберфест, една од најголемите атракции во Минхен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.