Тивките љубат многу ретко, но многу силно!

0

Владимир Семјонович Висотски роден во 1938ма година беше руски пејач, текстописец, актер и поет, кој со својата богата кариера придонесе многу за руската култура. Тој стана популарен поради својот уникатен стил на пеење, неговата лирика која ја истакнува преку својот хумористичен, уличен жаргон. Се истакнува и како театрален и филмски артист, режисер и сценарист. Позади себе остава 800 песни и 1100 стихови, одиграл 30 улоги, вклучувајќи го и Хамлет, но во историјата влегува запаметен како комплетен уметник, самостоен автор и изведувач на своите песни со седумжичната гитара. Починал во 1980 година.

838a2d2e-0f82-4e31-9634-d840113c59c3

Едни од неговите најпознати стихови се:

„Убавите луѓе се заљубуваат често и совесно

Веселите се заљубуваат не толку често, но кратко

А тивките љубат многу ретко, но многу силно. “

„Секогаш на луѓето им приоѓам со добро, а лошото сами си го откриваат.“

„Кај поврзаните души не постои недоразбирање, далечина и време.“

“Јас дишам, значи љубам!

Јас љубам, значи живеам!“

„Дури и да си во право илјада пати.

Какво е тоа чувство ако жената твоја е тажна?“

Ве потсетуваме на уште една негова одлична песна насловена како „Не ми се допаѓа“, а во изведба на малиот Евгениј Лебедин кој благодарение на оваа изведба стекна светска слава.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот