Тишината не прави и покреативни. Кога телото одмара, умот работи

0

Велат дека понекогаш тишината зборува погласно од зборовите. И да, има голема вистина во тоа. Има ситуации каде зборовите се непотребни, каде погледот и тишината ќе кажат се што сте сакале да кажете вие. Чувството за молк го има секој од нас и точно знае во кој момент треба да го послуша. Дали ќе биде така или не, зависи до личноста.

На оваа тема едно истражување во 2013 година докажало дека само два часа во денот поминати во тишината помагаат во регерација на мозочните ќелии. Ние живееме во време кога сме постојано под дигиталната инвазија што дури не ги забележуваме звуците околу нас, кои реално влијаат и негативно.

Shhh_women-with-finger-to-lips

Тишината не прави и покреативни. Кога телото одмара, умот работи. Ги сублимира информациите од денот. Кога одморот не прекинат од разно-разни звуци,тогаш мозокот се става во состојба каде ги интегрира емоциите и сеќавањат, ја активира имагинацијата и ти проширува можностите. Како резултат на времето поминато во тишина, ние стануваме покреативни и отворени кон светот.

Тишината помага и во отстранување на стресот и тензијата. Ова е добро познато чувство со кое се соочуваме сите ние секој ден. Откриено е дека крвниот притисок многу подобро се регулира во комплетна тишина отколку со слушање некој музика за релаксација.

Препораката е дека секогаш во денот треба да имаме период во кој ќе бидеме во целосна тишина за комплетна умствена, а преку тоа и физичка регенерација.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.