Типови луѓе коишто никогаш не успеваат на работа

0

Искуството и знаењето забрзано ја губат својата релевантност за постигнување успех на работа. Техничките знаења се губат во однос на интелигенцијата и снаодливоста, брзото размислување и делување.

Социјалните вештини се многу важни, ама важно е и човекот да знае кога треба да зборува, а кога да молчи. Токму затоа овие типови луѓе нема никогаш да успеат во деловниот свет.

„Неуспехот не е фатален, ама неуспешниот обид да се смените може да биде“ – Џон Вуден

 

  1. Кукавица – стравот е многу силен мотиватор, а ако не успеете да го надминете, нема да постигнете успех. Кукавичлукот значи и дека ќе ги обвините другите за своите грешки.
  2. Дементор – во книгите за Хари Потер дементорите се опишани како злобни суштества што им ја цицаат душата на луѓето. Исто и во деловниот свет; кога дементор ќе влезе во просторијата, таа станува мрачна, бидејќи со себе ја носи и својата негативна енергија.
  3. Арогантен – овие луѓе само ќе ви го трошат времето затоа што сè гледаат како личен предизвик. Ароганцијата е лажна самодоверба и секогаш е знак на несигурност.
  4. Некој што сака да размислува за групата – овие луѓе ја избираат линијата на помал отопр и секогаш отпосле коментираат „требаше да направиме поинаку“.
  5. Темпераментен – некои луѓе не можат да си ги комтролираат емоциите. Па кога ќе ви се нафрлат, ви ги пренесуваат и сопствените чувства на вас. И обично имаа лоши резултати во работата затоа што дозволуваат лошото расудување да ги води про одлучувањето.
  6. Жртви – секогаш ги нагласуваат своите проблеми, секогаш нешто не е во ред, секогаш некој се обидува да им наштети. Тимската работа не ја гледаат како можност да аучат нешто и да пораснат, туку како лесен начин да дојдат до целта без да се потрудат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.