Типи Хедрен – актерката со која бил опседнат Алфред Хичкок

0

Таа е најпозната по култниот филм „Птици“ на Алфред Хичкок каде ја толкуваше главната улога, но и по тоа што еден од најголемите режисери на сите времиња бил заљубен и опседнат со неа…

Во светот на Холивуд стасала преку манекенската кариера, како и голем дел од актерките во 50-тите години.

BIRDS, THE (1963) - TIPPI HEDREN. Custome by Edith Head., Image: 137049758, License: Rights-managed, Restrictions: Editorial Use only, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Album

„Кога бев во средно училиште, еден ден одејќи натаму, на улица ме забележа една жена, ми ја пријде и ми ја подаде својата визит карта. Ми рече дека би сакала да се појавам на нејзина ревија во трговскиот центар викендот кој следи, но да ме доведе мојата мајка. Така почна се. Набрзо потоа се преселив во Лос Анџелес и потпишав договор со модна агенција. На тој начин, сосема несвесно, се приближив до Холивуд и кон својата идна кариера“ – стои во една од нејзините изјави.

Tippi Hedren

Типи сама ја одгледувала ќерката, Мелани Грифит, а во исто време работела постојано и изгледала максимално средено.

„Во тоа време се внимаваше на облеката, многу повеќе отколку денес, кога џинсот е општоприфатена облека, што е тажно. Тогаш постоеше дрес код. Некоја која имаш кариера на модел, се подразбираше дека секогаш мора да биде облечена како вистинска дама, што подразбира сако и здолниште во комбинација со високи потпетици“.

files-4

Што се однесува до Хичкок и неговата опседнатост со неа, актерката вели дека немала никакви проблеми со него. „Го решив проблемот уште пред да започне, така што не ми беше тешко. Му реков дека ќе дадам отказ и дека сакам да го прекинам договорот. На тоа ми одговори дека морам да мислам на фактот дека сум самохрана мајка и дека моите родители се веќе стари да ми помагаат. Јас сум реков дека и покрај тоа, не сакам да се најдам во ситуација која ќе ме направи несреќна, затоа си заминува. Тој ми рече дека ќе си ја уништам кариерата, но не ме исплаши тоа. Му реков да прави што сака и заминав. Не мислам дека тоа беше храбро, туку нешто кое мораше да го направам“.

Archival Cinema and Entertainment

Таа е една од актерките која може да се пофали со искуство покрај еден од најдобрите и најпосакувани актери на сите времиња, Марлон Брандо.

„Со Брандо глумевме заедно во филмот ‘A Countess From Hong Kong’ кој беше во режија на Чарли Чаплин и максимално уживав во тоа искуство. Но, тоа што малкуина го знаат е дека секогаш кога Чаплин ќе се појавеше на сетот, Брандо излегуваше. Причината за тоа беше што Чаплин сакаше прво тој сам да ги одглуми сите ликови, а потоа ние да го направиме истото. Мене тоа беше многу забавно, но на Брандо не. Сепак не го напушти проектот бидејќи беше под договор кој го испочитува до крај.“

files-1

Таа е мајка на познатата актерка Мелани Грифит и баба на Дакота Џонсон.

„Мелани е мојата најголема љубов, ја сакам без гранично. Што се однесува до Ддакота, таа е прекрасна девојка, што едноставно е неверојатно.“

Типи Хедрен ќе остане актерка запаметена по нејзиниот беспрекорен стил и став кон животот, нешто на кое можат многумина да и завидат и денес.

Birds, The (1963)Les OiseauxPers: Tippi HedrenDir: Alfred HitchcockRef: BIR005AAPhoto Credit: [ Universal / The Kobal Collection ]Editorial use only related to cinema, television and personalities. Not for cover use, advertising or fictional works without specific prior agreement, Image: 60633856, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, AFP

Извор: elle.rs

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.