Tip of the Week® со ново интернационално издание на англиски јазик

0

По успешната кампања на глобалната платформа Кикстартер, на крајот од минатата година, тимот на Tip of the Week® изминативе месеци интензивно работеше на издавање на интернациoналното издание на Tip of the Week® на англиски јазик и навремена испорака на наградите на поддржувачите.

Изданието сoдржи 39 совети пд 24 автори од 8 земји од региoнот (Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Бугарија), и мнпгу практични примери и вежби за унапредување на нашиот личен и професионален развој. Изданието е веќе во продажба на веб-сајтот www.tipoftheweek.co.


„Искрено им благодариме на сите автори кои без размислување ја прифатија
иницијативата да бидат дел пд интернаципналното издание на Tip of the Week® и за прв пат на светската читателска публика да презентираме нова уникатна перспектива за мотивација и за едукација која доѓаа од Балканот, а со тоа да споделат дел од нивнитезнаења и искуства. Во регионот постојат навистина големи професионалци кои се успешни во нивното работење, а има толку многу да се научи од нив. Посебно сме горди што Tip of the Week® веќе прераснува во препознатлив бренд со голема база на поддржувачи од секаде во светот.“ – велат главните креатори на Tip of the Week® концептот, Калин Бабушку и Петар Лазаров.


Tip of the Week® концептот e започнат вп 2010 гпдина вп Македпнија со издавање на неделни совети и два прирачника за личен и за професипнален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во 2017 година и во Хрватска.

Прирачниците, досега се издадени на четири јазици и продадени во тираж во повеќе од 20.000 копии.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.