Тигри домашни миленичиња – тренд на Блискиот Исток

0

Додека во поголемиот дел од светот луѓето чуваат мачиња, кучиња и папагали или, пак, златни рипки како миленичиња, во Дубаи миленичиња се тигри.

Замислете си… одите на плажа, а пред вас се пружа поглед на Бурџ ал Араб. Сe премачкувате со млеко за сончање и легнувате да се релаксирате. Ама, наместо звукот на брановите, почнувате да слушате ржење на диви животни.

И пред да ви стане јасно што се случува, во ваша близина почнуваат да трчаат неколку тигри.

Забавувањето на тигрите на плажата пред хотелот со седум ѕвезди станува сè почеста слика. Иако се луѓето исплашени, тигрите делуваат како воопшто да не ги забележуваат и уживаат во сопствената игра.

Никој и понатаму не знае чии се, но се претпоставува дека му припаѓаат на Неговото височество Шеикот Хамдан бин Мохамед ал Мактум, престолонаследникот на Дубаи.

Тој само една недела претходно објави слика со своето милениче, бел лав, па оттаму и верувањето дека решил да си ги прошета и другите миленичиња.

На видеото подолу погледнете како изгледа нивната игра на плажа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.