Тие мали очи мислат дека си совршена!

0

За тебе мајко, која се криеш во тоалетот додека солзите течат по твоето лице…Зошто?

За тебе мајко која си толку уморна што понекогаш чувствуваш дека не можеш повеќе да издржиш и единствено можеш да одмориш само откако сите ќе си легнат…Затоа што само тогаш можеш да одмориш.

За тебе мајко која плачеш на каучот бидејќи си викнала по децата за некоја ситница и сега се чувствуваш виновна…

За тебе мајко која седиш во автомобилот, со полна уста храна, бидејќи само тогаш имаш време да се сетиш дека не си појадувала, можеби со денови…

За тебе мајко, која ќе успееш да ги навлечеш своите стари фармерки на себе и да се убедиш дека убаво изгледаш, додека сите свои пари ги трошиш да купиш нови и нови за нас…

За тебе мајко, која ќе нарачаш пица бидејќи вечерата не излегла онака како што си сакала…А сепак си потрошила многу време да ја подготвиш…

За тебе мајко која се чувствуваш осамено, дури и кога куќата е полна со луѓе…

Ти си среќна!

Ти си важна!

Ти си сакана!

Вредиш премногу!

Ова е само една животна фаза!

На крајот, се ќе се исплати!

Сега ќе биде тешко…

Но, не си сама!

Не имаш нас!

Правиш се што е во твоја моќ!

Овие мали очи кои те гледаат, мислат дека си совршена!

Тие мислат дека ќе го освоиш светот!

Овие мали раце кои те допираат, мислат дека си најсилна!

Овие мали усни кои те бакнуваат, благодарни се бидејќи стомачето им е секогаш полно!

Ова мало срце, не сака ништо повеќе освен ТЕБЕ!

Ти си мајко, НЕВЕРОЈАТНА!

 

Извор: http://family.rs

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.