Ти не го заслужуваш туѓото МОЖЕБИ, ти го заслужуваш најдоброто!

0

Никој не заслужува можеби за одговор, бидејќи можеби не е одговор!
Никој не заслужува да ја слуша здодевната воздишка од другата страна на линијата и никој не заслужува некој кој не го поставува прашањето „Како си?“ или „Како ти помина денот?“.

Никој не заслужува да чека со денови некој на кој едноставно не му текнува да се јави.

Никој не заслужува да биде со некој кој не се труди да го направи денот поубав на личноста која ја сака.

Никој не заслужува да се чувствува осамен додека е во врска со некој. Никој не заслужува целиот негов труд ни малку да не се почитува, додека пак другата страна не се труди да промени нешто.
Никој не заслужува да го слушне зборот можеби. Никој не сака од својот партнер да слушне „ Ќе размислам за тоа.“ или „Можеби ќе дојдам со тебе.“.

Никој не сака да зборува со воодушевување за некоја случка, а да гледа како другиот е индиферентен на тоа. Никој не заслужува да биде поигран, потценет…

Секој заслужува бескрајни прегратки и бакнежи кои го запираат времето.

Секој заслужува воодушевено да каже „Да!“ и секој заслужува толку широка насмевка која со денови нема да ја симне од лице.

Секој заслужува повеќе од само обично „Можеби.“.
Секој заслужува допири полни со страст и љубов, ручеци кои ќе траат со часови, ноќни долги разговори од кои срцата светат во мрак.

Секој заслужува повеќе, повеќе од она со кое се задоволува. Секој покрај себе заслужува луѓе кои ќе го сакаат и почитуваат и охрабруваат. Луѓе кои ќе им го развеселуват денот, животот, искрени луѓе.
Секој заслужува некој кој ќе го сака вистински, а не некој кој постојано ќе ги дига рамениците, не некој на кој постојано му е сеедно.

извор: atma.hr 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.