Ти благодарам што постоиш

0

Ти благодарам што постоиш со сите твои прекрасности. Ти благодарам што го правиш поведар светот и веков, и мене и себе, сите. На здравје, за најубавата насмевка и дупче на левиот образ. Е со таа ме купи, и до ден денес ме маѓепсуваш. Затоа што имаш срце, полно љубов за сите, ги имаш најсилните раце кои кога ќе ме гушнат јас сум мало девојче, се топам.

И знаеш да љубиш, знаеш што е жена и како со неа. Можам со тебе да се гледам во очи со часови, така ни се гледаат душите и се радуваат што се пронашле.

Не, не претерувам , ти си доказ дека љубовта навистина постои. И да бидеме илјадници милји разделени и годините да не згазат, опшеството да плука по нас, да влезам во безбројни искушенија, јас ќе бидат тука за тебе и ќе те сакам. Љубовта не е само допир, бакнеж или присутност, таа е нешто повозвишено кое го разбираат само оние кои љубеле вистински, до коска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот