“The Shape of Water” од Гилермо дел Торо доби 12 номинации за Бафта

0

Темната фантазија на филмот “The Shape of Water” на режисерот на Оскар, Гилермо дел Торо, во вторникот доби 12 номинации за филмските награди на Британската академија на филмски уметности. ”Three Billboards Outside Ebbing, Missouri”, криминалната драма која зеде неколку награди на Златниот глобус во неделата, доби 9 номинации за Бафта.

Двата филма ќе се натпреваруваат за најдобар филм. Другите номинации во иста категорија на британскиот еквивалент на Оскарите, попозната како Бафта, ги вклучуваат ”Call Me by Your Name”, ”Dunkirk” и ”Darkest Hour”.

”Darkest Hour” доби и 9 номинации, меѓу кои и за исклучителен британски филм, каде што ќе се натпреварува со ”The Death of Stalin”, ”God’s Own Country”, ”Lady Macbeth”, ”Paddington 2” и ”Three Billboards”.

”Blade Runner 2049” доби 8 номинации, вклучувајќи и за најдобриот режисер за Дени Вилнев, кој се натпреварува против Лука Гвадањино (”Call Me by Your Name”), Кристофер Нолан (”Dunkirk”), г-дин дел Торо (”The Shape of Water”) и Мартин Мекдонаг (”Three Billboards”).

Френсис Мекдорманд, која во неделата го освои својот прв Златен глобус за ”Three Billboards”, беше номинирана за најдобра актерка. Нејзини спротивници се колешките Саирсе Ронан (”Lady Bird”), Анет Бенинг (”Film Stars Don’t Die in Liverpool”), Марго Роби (”I, Tonya”) and Сали Хокинс (”The Shape of Water”).

Најдобрата актерска категорија на “Бафтас” вклучува уште еден добитник на Златен глобус, Гери Олдман, кој ја доби наградата во недела за ”Darkest Hour”. Тој ќе се натпреварува против Даниел Деј Луис (”Phantom Thread”), Даниел Калуја (”Get Out”), Џејми Бел (”Film Stars Don’t Die in Liverpool”) и Тимоте Чаламет (”Call Me by Your Name”).

Претставувајќи ги номинациите, претседавачката на Бафта – Џејн Лаш, исто така се осврна на обвинувањата за сексуално вознемирување и злоупотреба во индустријата. Како одговор на “сериозните откритија за вознемирувачките, неприфатливи практики”, г-ѓа Луш објави дека Британската академија за филм и телевизија ќе објави низа упатства за справување со “штетните работни практики кои напредуваат во застарени структури на моќ”.

Џејн Лаш

Домаќин на овогодинешната церемонија на Бафта ќе биде Џоана Лумли, британската актерка и активистка. Академијата во петокот објави дека актерот и комичар Стивен Фрај се повлекува од настанот по 12-та церемонија.

Церемонијата на Бафта ќе се одржи на 18ти фебруари во Royal Albert Hall палатата во Лондон.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот